За претпријатието > За Кема
НаназадkemaПечати
Претпријатието Кема пуцонци е извозно насочено претпријатие, кое има технолошки најсовремено организирано производство на кварцен песок и материјали за завршни работи во градежништвото. Со иновативна политика, со непрекинато вложување, како и одговорно чувство за вистинските прилики успеавме да се воздигнеме од просечноста на нашата дејност. Така денеска сме препознатливо друштво на словенечкиот и поширокиот економски простор со позитивен тренд на постојан пораст.

Производствениот програм, кој опфаќа разновидни производи за комплетни решенија во градежништвото, непрекинато го надополнуваме и надоградуваме со нови и иновативни производи.

Нашиот производствен програм опфаќа: 
  • посебни материјали за завршни работи во градежништвото, градежни лепила, подови, малтери, израмнувачки и маси за фугирање, санациски и други материјали и
  • производство на кварцен песок и адитиви за бетон.

Целокупноста на производствениот програм ја надополнуваме со лично техничко советување и со трговска дејност за потребите на градежништвото.
Kema Puconci d.o.o.